Македонија
16. February 2019 - 13:58

Американскиот амбасадор Џес Бејли во посета на општина Битола

 Американскиот амбасадор Џес Бејли ја посети општина Битола и оствари работна средба со градоначалничката Наташа Петровска.

Од Секторот за односи со јавност на тамошната локална самоуправа информираат дека на средбата се разговарало за досегашната и идна соработка на општината со амбасадата на САД.

Градоначалничката Петровска изразила благодарност за придонесот на амбасадорот Бејли, како и за поддршката за проектите што се реализирани на територијата на општина Битола, а помогнати од американската амбасада и УСАИД.