Македонија
12. August 2015 - 15:37

Американскиот амбасадор Бејли во посета на Струга

Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли денеска ја посети општина Струга и имаше средба со градоначалникот Зијадин Села.

 
На средбата, како што информира градоначалникот Села, било разговарано за Струга, стружани и проблемите со кои се соочува градот, но и за инвестициите.
 
Амбасадорот Бејли изрази задоволство од, како што рече, неговата прва посета на Струга и изрази задоволство од соработката на властите на централно и локално ниво со интернационалните компании што работат во струшкиот регион.
 
- Во рамките на поосетата на Струга имав чест и можност да разговарам и со неколку американски државјани кои имаат бизнис во Струга,  рече Бејли.