Loading Video...
Кошарка
31. July 2020 - 15:59

Американски засилувања во МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер

 
Хасани Гравет (188 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје Аеродром за новата сезона. 24 годишниот Американец кој настапува на позицијата плејмејкер потпиша едногодишен договор со актуелниот македонски првак МЗТ Скопје Аеродром  
 
Станува збор за одличен плејмејкер, кој лани во август потпиша договор со тимот на Орланод „Меџик“, но не заигра, односно беше префрлен во филијалата на овој тим во Џи-лигата, 
 
Гравет е второто странско засилување „Јане Сандански“ во пресрет на новата сезона, откако неговиот сонародник Феми Олуџоби ја продолжи соработката со аеродромци. 
 
И тимот на битолски Пелистер ангажира нов Американец. Станува збор за искусниот 30-годишен Џастин Мартин (199 см), кој игра на крилната позиција, а  чие главно оружје е шутот од далечина.
 
Мартин, кој веќе пет години игра во Европа (Германија, Русија, Кипар, Луксембург и Исланд) е вториот Американец по Џалил Абдул Басит, кој дојде во редовите на Пелистер тим кој со неколкуте нови ангажирања, најавува големи амбиции за претстојната сезона.