Свет
5. May 2017 - 19:24

Американски војник е убиен во Сомалија при операција против групата Ал Шабаб

Во Сомалија синоќа е убиен американски војник, при операција против екстремистичката група Ал Шабаб, соопшти Африканската команда на САД. 

Во соопштението стои дека војникот загинал во близина на Бари, на околу 64 километри западно од Могадишу. 

Анонимен сомалиски претставник на разузнавачките служби навел дека американските војници, спуштени со хеликоптер, нападнале скривница на терористи, од каде бил пружен тежок отпор. 

При престрелката се повредени двајца американски војници.

Во текот на последните недели, САД и Сомалија ги засилија дествијата против групата што е поврзана со Ал Каеда. 

Претходно, претседателот на САД Доналд Трамп одобри проширување на американската воена операција.