Балкан
14. February 2017 - 9:58

Американски војници и модерна борбена техника пристигнаа во романска база кај Констанца

Контингент од 500 американски војници, припадници на копнените сили на САД, со тенкови, воени возила и артилериски орудија, синоќа пристигнаа во романската воена база „Михаил Когалничану“, јави весникот „Адеверул“.

Војниците во базата, што се наоѓа во округот Констанца,  ќе останат девет месеци, во обид да ги засилат одбранбените сили на источното крило на НАТО.

-Тука сме за да бидеме подготвени за секакви закани, да го засилиме капацитетот на сите наши партнери од Источна Европа. Оваа операција беше тест и за нас, за да ја провериме нашата брзина на реакција, изјави мајор Скот Стефенс од Третата оклопно-транспортна бригада.

Офицерот пред неколку дена беше еден од првите лица кои пристигнаа во базата „Когалничану“, за да го подготви пречекот на контингентот војници и опрема.

Воените машини доаѓаат од државата Колорадо, во централниот дел на САД, минувајќи го го окенатот со брод а потоа минувајќи низ Германија и Полска.