Свет
7. May 2016 - 9:00

Американски воен „ловец“ се урна крај брегот на Северна Каролина

Борбен авион од типот „Хариер" на воздухопловните сили на САД се урна вчера во близина на брегот на Северна Каролина.

Пилотот се катапултирал во реонот на градот Вилмингтон, пренесе агенција ТАСС, повикувајќи се на командата на авијацијата на Корпусот на маринците на САД во Чери Поинт.

Авионот полетал од меѓународниот аеродром на Вилмингтон заради извршување на наставен лет. Околу 17.15 часот по локално време пилотот се катапултирал во близина на крајбрежјето на Вилмингтон. Борбена ескадрила хеликоптери Н-60 Сијхоук го  спасила пилотот околу 17.28 часот, по што тој е пренесен во болница и е во стабилна состојба.