Свет
21. October 2015 - 18:14

Американски воен авион се урна во Велика Британија

Едно лице денеска загина при уривање на авионот Ф-18 на американската воена авијација во Велика Британија, соопшти британската полиција.

Инцидентот се случил денеска претпладне, во реонот на англиската област Кембриџшир, на една локална фарма, околу 6,5 километри далеку од воена база на британското кралско воено воздухопловство (РАФ).

Се претпоставува дека во авионот бил само пилотот.