Американски сенатор: Трамп во мај ги повлекува САД од договорот со Иран
Републиканскиот сенатор Боб Коркер претседавач со Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат, изјави дека очекува претседателот Трамп во мај да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран.
– Иранскиот договор ќе биде уште една тема која стигнува во мај, и засега не делува дека ќе биде продолжен. Мислам дека претседателот веројатно ќе се повлече од тој договор доколку моите, нашите европски колеги не со договорат со нас за рамките на документот. Мене не ми чини дека такво нешто ќе се случи, изјави Коркер во интервју за Си-Би-Ес.
На 12 јануари Трамп до европските потписници упати ултиматум дека мора да се договорат за „исправање ужасни пропусти за нуклеарниот договор со Иран“, потпишан во време на Барак Обама, или во спротивно Белата куќа на 12 мај ќе обнови санкции спрема Иран со што ќе се повлече од договорот со Техеран.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море