Американски разорувач се упати кон Црно Море
Американски воен брод се упати кон Црно Море поради изведување на „операција за поддршка на регионалната стабилност, соопшти Шестата флота на САД.
Тоа е шесто впловување на американски брод во Црно Море оваа година.
Разорувачот „Портер“ што денеска се упати кон Црно Море опремен е со наведувачки ракети.
Во јули во Црно Море беше разорувачот „Карни“, кој учествуваше во американско-украинската воена вежба, во која беа ангажирани претставници на уште 17 држави.
Воено поморските операции кои ги изведуваме во Црно Море со нашите сојузници и партнери одржуваат цврсти односи неопходни за регионалната стабилност, изјави командантот на Шестата флота на САД, Лис Франкети.
Тој додаде дека американските бродови во Црно Море дејствуваат во согласност со меѓународните норми.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите