Американски научници развиваат апчиња за вежбање
Група американски научници се на добар пат до развој на апчиња кои ќе ги заменат вежбите, што би можело да ги смени животите на оние кои неможат да вежбаат поради екстремната дебелиња или физичкиот хендикеп.
Можноста за постоење на „апчиња за вежбање“ би можела да биде музика за ушите на оние кои сакаат да се излежуваат на каучот, за возачите на камиони на долги линии или админисративните работници со прекуврмеени работни часови. Сепак овие таблети пред се наменети е за лица кои поради физички хендикеп или дебелина не можат да вежбаат затоа што би требало да имаат исти ефекти како часови поминати во сала за вежбање.
Научниците од Институтот „Салк“ во Сан Диего објави резултати за ефектите од апчињата по повеќемесечното тестирање на глувци.
Благодарение на апчињата, глувците успеале 270 минути да трчаат на минијатурна движечка лента пред да го достигнат својот физички лимит. Пред апчињата тие можеле да трчаат 160 минути.
Освен што им се зајакнала издржливоста за 70 отсто, глувците кои користеле апчиња, за осум дена ја намалиле телесната тежина, а намалемп е и нивото на шеќерот во крвта.
Научниците предводени од Роналд Еванс открија дека апчињата кои ги нарекле ГВ1516 ја менуваат активноста на речиси илјада гени. Истовремено, тие го забрзуваат согорувањето на мастите и го забавува претворањето на шеќерот во енергијата.
Ново на Сител
-
Ова бил главен проблем во бракот на Наташа Беквалац и Лука Лазукиќ
-
Заев утре ќе се сретне со Туск
-
Само пасошот нема да ви биде доволен: За влез во ЕУ не ви треба виза, ама ќе ви треба дозвола и платена такса
-
Конечно откриено: Еве колку тежи Михаил Шумахер
-
Ако сакате иселеничка виза за Нов Зеланд, како професија можете да наведете – сексуален работник
-
Посебен сообраќаен режим и безбедност од прв степен утре во Скопје
-
Во понеделник оглас за распределба на земјиште во „Џумајлија“
-
Вкупно 736 лица целосно ослободени со амнестијата, 49 барање се отфрлени