Свет
6. April 2017 - 8:28

Американски Ф-16 се урна во близина на станбени згради, нема жртви

Пилот на американски воен авион Ф-16 го урна своето летало во планина со цел да избегне катастрофа врз предградие на Вашингтон, соопшти армијата на САД.

Авионот се урнал на помалку од 200 метра од станбени згради. Пилотот се здобил само со лесни повреди откако се катапултирал. Никој не настрадал на земјата.

Инцидентот се случил за време на тренажен лет. Во тек е истрага за причините за катастрофата.