Свет
29. August 2019 - 15:46

Американски брод разорувач вплови во Јужно Кинеско Море

Воен брод на американската морнарица вчера вплови во близина на двата острова за кои Кина има спор со соседните држави во рамките на операцијата „Слободна пловидба“.

– Разорувачот доплови 22 километри од островите Огнен Крст и Немирен Гребен за да и се спротивстави на Кина и нејзините територијални претензии, како и да го зачува пристапот до морските патишта почитувајќи ги меѓународните закони, се наведува во денешното соопштение на американската морнарица.

САД подолг период ја обвинуваат Кина за изградба на воени објекти на островите Огнен Крст и Немирен Гребен. Американската морнарица тврди дека разорувачот пловел под кинеска придружба и оти нивната интеракција била професионална и безбедна.

Портпаролот на кинеската армија американската операција ја оцени како „насилен потег кој го нарушува мирот и стабилноста во Јужно Кинеско Море“.