Бизнис
1. October 2015 - 16:17

Американски бизнисмени заинтересирани за влез во Македонија - Заврши бизнис форумот во САД

Можеме да учиме од вас, велат американските бизнисмени за Македонија. По бизнис форумот во Њу Џерси дел од нив пројавуваат сериозен интерс за инвестирање во земјава. Сметаат дека ниските даноци се клучни за привлекување на компаниите.

- Вашите даноци се соодветни и за граѓаните и за компаниите, целиот ваш даночен систем е добро осмислен и обезбедува долгорочност, со други зборови стабилност, и земјата нема потреба да се грижи за зголемување на даноците, а компаниите не треба да прават промена на нивните инвестициски планови. Слободно можам да кажам дека за некои нешта можеме да учиме од вас, изјави Џон Кулбертсон, од енергетската компанија „Кулбертсон“.

Менаџментот на компанијата АФМ која произведува лусузен мебел ќе ја скенира земјава во финална фаза пред носење одлука за инветсирање. Сметаат дека токму поддршката која ја нуди Владата е клучна инветситорите да ја одбираат Македонија.

- Мислам дека македонската Влада е од голема помош за бизнисот во насока на поддршка на инвеститорите. Јас се занимавам со производство на мебел за луксузни хотели и сакам да работам со домашните производители и затоа најпрвин планирам да ја посетам Македонија, да се сретнам со луѓето таму и да видам со што се занимаваат, изјави Хари Чо.

Биосити, компанија од медицинскиот сектор е уште една американска фирма која ја разгледува Македонија како инветсициска дестинација

- Моите партнери веќе ја посетија Македонија со цел да направат евалуација на можностите за отворање центар за трансплантација и медицински центар. Работите кои не заинтересираа се едуцираната работна сила и ниските даноци, изјави Едвард Мајлс.

Пред американските бизнисмени, премиерот Груевски зборуваше за реформите кои ги прави Владата за подобрување на бизнис климата. Поволностите за инветсирање во зоните, рефомрите во образованието кои треба да обезбедат квалификуван кадар.

- Многу сме фокусирани на подобрување на бизнис климата. Всушност тоа е нашата главна преокупација во последните 7-8 години на која работиме на повеќе начини, и тоа за сите инвеститори во земјата, домашни или странски. Како резултат на многу чекори кои ги направи Владата, бизнис климата сериозно се подобри, што се рефлектираше во повеќе извештаи на меѓународни финансиски организации, нагласи  Груевски во обраќањето.

Предноста на Макеоднија според прмеиерот е што има стабилен економски раст и извоз од зоните, ниско ниво на државен долг и ниска инфлација. Државата има потпишано договори за слободна трговија со сите  земји од Европа што им нуди можност на компаниите своите производи да ги пласираат на 600 милионски пазар.