Свет
27. April 2018 - 13:31

Американски амбасадор во Лондон: Трамп е дебелокожец, не се плаши

- Доналд Трамп ќе го посети Лондон во јули, и покрај најавите за демонстрации, изјави американскиот амбасадор во Велика Британија Вуди Џонсон и додаде дека претседателот на САД е „дебелокожец“.

- Повеќето политичари не се ангажираат како него и затоа е толку критикуван. Но мислам дека на крајот на краиштата луѓето почнуваат да сфаќаат дека оди во вистински правец, рече Џонсон.

- Тој (Трамп) е дебелокожец и сигурно доаѓа во Лондон, додаде американскиот амбасадор.

После најавата дека Трамп на 13 јули ќе престојува во работна, а не официјална посета на Велика Британија, противниците на политиката на американскиот претседател најавија демонстрации против посетата.