Loading Video...
Свет
14. јуни 2020 - 21:03

Американската полиција застрела уште еден Афроамериканец

Американската полиција застрела уште еден Афроамериканец. Инцидентот се случи пред ресторан за брза храна во градот  Атланта, кога полицијата сакала да го приведе 27 годишниот Рашард Брукс,  кој не го поминал алко-тестот. Тој се спротиставил, по што полицајците пукале кон него. Повредениот бил префрлен во болница, каде починал. Поради ова, Шефот на полицијата во градот, поднесе оставка. Еден од полицајците, веќе добилк отказ од работа. А протестите во градот ескалирааа.  Демонстрантите го запалија ресторанот на чиј паркинг се случи убиството. Пожарот беснееше цели 45 минути, пред да дојдат пожарникарите да го изгаснат.

Ова следи, по три недели од масовните протести во Америка, поради смртта на 46-годишниот Афроамериканец Џорџ Флојд, кој почина под коленото на полицискиот службеник во Минеаполис. Протести против расизам има и во Франција.

Повеќе од 100 луѓе се уапсени во Лондон по судирот меѓу демонстрантите, меѓу кои и екстремно десничарски активисти со полицијата. Протестите во градот,  преминаа во насилство, откако дел од демонстрантите се судрија со полицијата, а други фрлаа со шишиња, пиротехнички факли и димни бомби кон полицијата.

Премиерот Борис Џонсон го осуди насилството, велејќи дека на улиците во Британија нема место за расистичкото насилство.

Граѓани од целата земја, меѓу нив, екстремно десничарски активисти, рекоа дека дошле во Лондон за да ги заштитат спомениците од активистите за борба против расизам.

Исто така, на 13 јуни, во Лондон и низ целата земја се одржаа неколку мирни протести за борба против расизмот, инспирирани од движењето во САД „Црните животи се важни“.

Со  57 нови случаи Кина, бележи најголем број на новозаразени од Ковид 19 во последните два месеци. Од позитивните на вирусот, најголем број се во Пекинг, 36 на број. Поради тоа беше затворен пазарот за храна, кој се наоѓа во јгоисточниот дел на градот,а  беа ставени во карантин 11 квартови. Најголем дел од заразените, го посетиле пазарот . Во Кина досега со Ковид-19 се инфицирале над 83 000,а починаа 4.634 луѓе. Инаку Јужна Америка е новото жариште на вирусот, Ситуацијата е критична во Мексико каде има околу 143 000 заразени, а починале над 16 000 лица.