Американската армија го зголемува ангажирањето на дроновите
Американската армија следните четири години драстично ќе го зголеми ангажирањето на беспилотните латала со цел да ја зголеми својата разузнавачка способност и способноста на извршување напади во се поголемиот број конфликтни зони во светот, објави „Волстрит џурнал“.
- Пентагон планира до 2019 година да го зголеми бројот на летови со дронови од сегашните 61 на дена, дури на 90, изјави висок претставник на американската војска.
Тоа е прво значително зголемување на бројот на летови во рамките на контроверзната американска програма за користење на беспилотните летала од 2011 година, што укажува на зголемување на бројот на кризни подрачја во светот.
Новиот план освен што ќе обезбеди подобро набљудување во Украина, во Ирак, во Сирија, во Јужно Кинеско Море и во северна Африка, и ќе ја зголеми способноста на Пентагон да извршува смртоносни напади со беспилотните летала.
Употребата на дроновите често е критикувана бидејќи во таквите напади гинат многу цивили. Невладините организации наведуваат дека во напади на американските дронови загинале најмалку 3.000 луѓе
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите