Свет
6. September 2017 - 9:23

Американската амбасадорка во ОН предупредува на опасност од Иран

Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, предупреди дека ако не се промени нуклеарниот договор со Иран би можел да му овозможи на Техеран да прерасне во закана по американските градови од ист вид како и Северна Кореја.

Претседателот на САД, Доналд Трамп би требало да одлучи до средината на идниот месец дали смета дека Иран ги исполнува своите обврски од договорот или ќе побара нови санкции кон Техеран.

Врз основа на договорот од 2015 година меѓу Иран и шест светски сили, Техеран треба да ја прекине својата нуклеарна програма и да дозволи инспекции во замена за укинување на дел од санкциите.