Американската амбасада го одбележува Националниот ден на служба и сеќавање
Со крводарителска акција и акција за собирање прехранбени продукти и други средства, Амбасадата на САД денеска ќе го одбележи Националниот ден на служба и сеќавање.
Акциите ќе бидат организирани во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и со Институтот за трансфузиологија. Пред присутните ќе се обратат амбасадорот Џес Бејли, генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити и директорот на Институтот за трансфузиологија Емилија Велкова.
Заинтересираните ќе можат да даваат крв во Амбасадата на САД од девет до 16 часот.
Националниот ден на служба и сеќавање е востановен во 2002 година како начин преку добротворни акции да се покаже почит кон жртвите, преживеаните и сите што помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември. Во 2009, Конгресот на САД усвои сојузен закон, подржан од двете партии, со што го прогласи 11 септември за Национален ден на служба и сеќавање.
Ново на Сител
-
Маск е првиот човек во светот кој има повеќе од 400 милијарди долари
-
Доделување сертификати на 145 земјоделци за одржливо земјоделство во Преспа
-
Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на фабрика за батерии за автомобили на компанијата „ABEE“ во ТИРЗ Кичево
-
Нова американска воена помош од половина милијарда долари за Украина
-
Макрон денеска ќе го соопшти името на мандатарот за состав на влада
-
Јермак: Киев не е подготвен за преговори со Русија
-
Утрото со минусни температури, преку ден сончево со мала до умерена облачност
-
Осумдесетгодишна жена нападната од својот сосед