Loading Video...
Спорт плус
28. July 2019 - 17:06

Американките со светски рекорд за крај на Мундијалот

 
На последниот натпреварувачки ден Светското првенство во пливање беше соборен еден светски и еден европски рекорд. 
 
Женската американска штафета (Реган Смит, Лили Кинг, Кејси Далиа и Симон Мануел)  постави нов светски рекорд во дисциплината 4х100 метри мешано. Американките испливаа време од  3.50.40 минути и го подобри рекордот кој беше поставен пред две години во Будимпешта, а кој исто така им припаѓаше Американките. 
 
Во машката штафетна трка триумф на Британците, кои до првиот златен медал во оваа дисциплина стигнаа во време на нов европски рекорд (3.28.10.минути), оставајќи ги зад себе Американците и Русите. 
 
Црномурестата, Симоне Мануел за само две стотинки успеа да ја победи светската рекордерка на 50 метри слободно, Швеѓанката, Сјостром, со што 21-годишната Американка го освои својот втор златен медал на првенството. 
 
Катинка Хошу уште еднаш потврди дека и нема рамена кога во прашање е можеби една од најтешките дисциплини 400 метри мешано. Унгарката по пети пат во низа (2009, 2013, 2015, 2017 и 2019) го освои мундијалското злато. 
 
Во истата дисциплина кај мажите, на радост на домашната публика победи Јапонецот, Даија Сето, кој уште на половина од трката ја остави конкуренцијата зад себе, со што по трет пат стана светски шампион во оваа дисциплина (2013, 2015, 2019)
 
А, светската рекордерка на 50 метри градно, Американката Лили Кинг го одбрани златото во оваа дисциплина освоено пред две години во Будимпешта.