Живот
16. May 2018 - 13:18

Американка сними водич за хрватските нудистички плажи: Посебно предупреди на перверзниците!

Џенифер од Пенсилванија и Милош од Црквеница снимија водич за хрватските нудистички плажи. Ако отсекогаш сте сакале да појдете на нудистичка плажа, но не знаете како, ќе ви помогне снимката која ја објавија на Јутјуб. На почетокот на видеото открија дека и се свршиле на нудистичка плажа.

Американката е воодушевена од плажите и Јадранското море, но постои една работа која и го расипува уживањето – перверзниците!

„Има мажи кои сами доаѓаат на нудистичка плажа и зјапаат во вас, заради што се чувствувате многу непријатно. Јас кон таквите одвратни личности се однесувам подеднакво, по што прекинуваат да зјапаат или стануваат и си одат“, вели Џенифер.

Додаде дека не треба да се зјапа во другите, а посебно е забрането да се фотографираат луѓето на плажа.

youtube.com/watch?time_continue=1&v=gF1ekrvyVI0