Живот
24. August 2017 - 9:43

Американец играч на Пауербол доби рекордни 758,7 милиони долари

Последната премија на американската лотарија Пауербол, по синоќешното извлекување, изнесува рекордни 758,7 милиони долари, јавуваат американските медиуми.

Среќниот добитник, кој ги погодил сите шест броеви, го купил својот лоз во сојузната држава Масачусетс, но точната локација, како и неговиот идентитет, очекувано, засега не се откриваат.

Највредната добитна лото-комбинација во историјата на САД, гласи: 6, 7, 16, 23, 26.