Свет
8. August 2016 - 10:53

Американец и Австралијанец киднапирани во Кабул

Американски и австралиски државјанин, кои се професори на Американскиот универзитет во Кабул, се киднапирани синоќа во центарот на главниот град на Авганистан.

- Двајцата странски професори синоќа се киднапирани од вооружени напаѓачи во Кабул, на улицата Дар ул Аман, соопштија безбедносните служби.

Официјален американски претставник потврди дека се добиени информации за киднапирање на американски државјанин во Кабул.

Портпарол на австралиското Министерство за надворешни работи истакна дека „веројатно станува збор за напад“.