Живот
20. October 2015 - 23:30

Американците снимаат филм за Аркан - Еве што вели Цеца за тоа

Веста дека Америкаците снимаат филм „Тигаров скок“ инспириран од животот на Жељко Ражњатовиќ Аркан одекна како бомба, а ја изненади и Цеца Ражњатовиќ. 

Цеца вели дека најмногу би сакала Вук Костиќ да го глуми нејзиниот покоен маж. 

- Вук е мој пријател и добро се познаваме. Мислам дека тој одлично би го доловил темпераментот и карактерот на Жељко. Многу е талентиран и сигурно таа улога би му легнала, рекла Цеца 

Веста дека Ева Мендез би можела да глуми, Цеца пријатно се изненадила.

- Изгледа феноменално, таа е една расна жена, но јас немам баш толкави облини. Не знам дали умее да пее, но тоа не е проблем. Се тоа они ќе го решат со плејбекови. Сепак, кога улогата би му ја дале на Бред Пит тогаш и јас би се согласила да се глумам себе си, рекла Цеца и доала дека не и е мило што ќе се снима тој филм бидејќи таму Аркан ќе биде прикажан како немилосрден убиец.