Џет-Сет
21. October 2015 - 9:47

Американците снимаат филм за Аркан: Де Ниро како Милошевиќ, Ева Мендез како Цеца

Холивуд наскоро ќе почне да го снима филмот „Скок на Тигарот“ за животот на контроверзниот командант на Српската доброволна гарда, во кој меѓудругото ќе глуми и оскаровецот Роберт де Ниро и латиноамериканскаа убавица Ева Мендез.

Филмот се снима според книгата „Аркан“ на Владимир Ѓорѓевиќ, во соработка со американската продуцентска куќа Cinema Cafe.

-Овој филм е испириран од животот на Аркан, но нема веродостојно да го прикаже. Станува збор за акција која го следи вистинскиот живот на мафијата и нивните криминални активност, сличен на „Скарфејс“ и „Кум“. Во нашата приказна се акцентот е ставен на односот на главниот јунак со тогашниот претседател на државата, Слободан Милошевиќ и со сопругата која е пејачка, Цеца Ражнатовиќ, открива Владимир Ѓорѓевиќ.

Лечиќ, Трифуновиќ и Стругар како Аркан

Актерот за главнаа улога се уште не е избран, а за таа улога се заинтересирани Бранислав Лечиќ, Сергеј Трифуновиќ и Петар Стругар. Има уште некои силни имиња, но по завршувањето на кастингот ќе одлучиме дали главниот глумец ќе биде од Србија или Америка, вели Ѓорѓевиќ.

Работата на филмот почнува во февруари 2016 година, а ќе се снима во неколку држави.

-Сега работиме на одредување на локации во Србија, Шведска, Америка и Црна Гора, која ни е замена за Грција. Направивме кастинг во Америка, каде се пријавија над 1.000 актери, а дури 400 од нив беа за главната машка улога. Имаме буџет од 7,5 милиони долари,а целта ни е со ова остварување да ја освоиме Источна Европа, посебно рускиот пазар, но се надеваме и на голем успех во Америка, зошто лошите момци и таму се се уште популарни, вели Ѓорѓевиќ.

Тој истакнува дека ова биде модерен филм со специјални ефекти како во култниот филм "Kill Bill". 

На немилосредниот тигар му недостасува семејството

 

Филмо говори за немилосрдниот Тигар, насилен убиец и „господар на војната“ кому му недостасува семејството. Тигарот се присетува на својата младост, семејството, политичките случувања кои влијаеја на животите на луѓето во државата која се распадна. Тој е гангстер кого го обучила и издигнала владата. Воден е од алчноста, додека работи валкани работи за својата земја и претседателот во заминување, и ниту полицијата ниту војската или било кој друг не можат да ги запрат неговите акции.