Loading Video...
Кошарка
3. September 2019 - 17:04
Американците се спасија од пораз, ја совладаа Турција по продолжение
На СП во кошарка што се одржува во Кина комплетирано е второто коло.
Американците кои се бранители на шампионскиот трофеј, се спасија од пораз во дуелот против Турција. Откако во регуларниот дел резултатот беше израмнет 81-81, Турците во продолжението промашија четири слободни фрлања за победа. Американците знаеја да го казнија тоа и со конечни 92-91 стигнаа до втората победа го обезбедија својот пласман во втората фаза на шампионатот. Кој ќе им се приклучи од групата Е, ќе се знае задутре по мечот меѓу Турција и Чешка селекции кои имаат по една победа
Во групата Ф едно е сигурно дека Црногорците со денешниот пораз од Нов Зеланд 83-93 немаат шанси за прогрес понатаму бидејќи за нив ова беше втор загубен меч. Затоа Бразил кој славеше над Грција со 79-78 го осигура првото место, а за второто во директен дуел ќе се борат Нов Зеланд и Грција.
Од групата Г, до втората победа и пласман во следната рунда стигнаа, Франција која го декласира Јордан со 103-64, како и Доминиканската Република која минимално со 70-68 ја победи Германија.
И во последната Х група, Австралија која го победи Сенегал со 81-68 и Литванија која беше подобра од Канада со 92-68 се пласираа во втората фаза, а нивниот меѓусебен дуел само ќе решава која селекција ќе биде прва во групата и колку бодови ќе пренесе понатаму.
РЕЗУЛТАТИ - 2.коло
Е група: Чешка - Јапонија 89- 76 и САД - Турција 92-91 (по продолжение 81-81
Ф група: Нов Зеланд - Црна Гора 93 – 83 и Бразил - Грција 79 – 78
Г група: Доминиканска Република – Германија 70 – 68 и Јордан - Франција 14:30 часот
Х група: Австралија - Сенегал 81 – 68 и Литванија - Канада 92 – 68
Утре на програмата се средбите од последното коло во првите четири групи од сегментот А – Д, во кои остануваат уште две слободни места за прогрес понатаму.
Пласман во втората фаза досега обезбедија: (А група) Полска, (Б група) Аргентина и Русија, (Ц група) Шпанија, (Д група) Србија и Италија
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->