-->
-->
Американците ќе може самостојно да патуваат на Куба
-->
САД денеска ги олеснија правилата за патување на Куба со цел отстранување на препреките и зближување на тие две држави непосредно историската посета на претседателот Барак Обама на Хавана на 21 и 22 март.
Американците сега ќе може сами да организираат свое патување на Куба наместо досегашните групни патувања. Тоа значи дека секој Американец може легално да отпатува на Куба со обврска да потпише образец во кој потврдува дека патува во образовни цели наместо туристичка посета.
Новите мерки им овозможуваат на американски банки да извршат трансакции на кубанските власти кои минуваат низ банкарскиот систем на САД. Досегашната забрана за такви трансакции ја оневозможуваше Куба легално да тргува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место