Loading Video...
Спорт плус
14. July 2019 - 10:00

Американците и Русите во битка за Милион долари во Светската лига на нации

Одбојкарите на САД и Русија ќе играат во финалето на годинашното (второ) издание на Светската лига на нации. 

На завршницата што се одржува во Чикаго, домашната селекција на САД по голема борба и пет одиграни сетови во полуфиналето беше подобра од Бразил со 3:2. Американците го добија првиот сет (25-21), но следните два им припаднаа на „кариоките“ (25-17 и 25-21). Со големата поддршка од домашната публика, Американците направија комплетен пресврт па откако го добија четвртиот сет со 25-20, во решавачкиот петти беа убедливи и истиот го решија во своја полза со 15-19. 
 
Русија која е актуелен бранител на трофејот, одигра сет помалку во полуфиналето против Полска кое го доби со 3:1. Во релативно изедначен меч Полска го освои само вториот сет (26-24), додека останатите три Русите ги решија во своја полза (25-19, 25-22 и 25-21). 
 
Така вечерва од 22 часот во дуелот за 3.место ќе играат Бразил и Полска, а во 1 часот по полноќ во големото финале, за трофејот, но и наградниот фонд од 1 милион долари, ќе се борат одбојкарите на САД и Русија.