Свет
12. September 2018 - 11:52

Американците ги фалат ракетите на Путин: Застрашувачкиот „S-500“ погодува мета на 500 километри, нашите не можат да погодат толку!

Американскиот портал „The National Interest“ тврди дека рускиот против воздушен  систем „S-500“ погодил мета одалечена 500 километри, што е 80, 5 километри повеќе во однос на способноста на најдобрите американски системи. 
 
Новиот застрашувачки ракетен систем „S-500“повторно го собори рекордот кога станува збор за растојание, наведува американскиот The National Interest.
 
Во текстот се тврди дека новиот руски систем еднакво е ефикасен во борба со авионите  кои поседуваат стелт технологија, вклучувајќи ги и американските "F-22" и "F-35".
 
Уште неколку американски портали  ја објавија истата информација, дека  S-500 може да ги пресретне воздушните мети кои летаат со надзвучна брзина. 
 
Според воените извори од САД, Русија веќе го тестирала системот  S-500.