Свет
12. September 2018 - 11:38

Америка се подготвува за најкатастрофалниот ураган на деценијата - луѓето во паника: Молете се за нас!

Безбедноста на американскиот народ „апсолутно е пририоритет“, изјави претседателот на САД Доналд Трамп, додека ураганот Флоренс се приближува во источниот брег на САД. 
 
Трамп нагласи дека федералната влада е подготвена да реагира. 
 
Трамп исто така прогласи вонредна состојба во Северна и Јужна Каролина и Вирџинија, а  откажа и неколку случувања. 
 
Додека силниот Флоренс се приближува на Источниот брег на САД, а во делови на три американски држави наложена е евакуација на жителите, милиони Американци се подготвуваат за најкатастрофалниот ураган во тој регион во изминатите децении. 
 
Луѓето  деловите за кои се верува дека ќе ги погоди ураганот објавуваат фотографии со натпис:  „ Молете за нас“. 
 
Директорот на Националниот центар за урагани Кен Грејем предупредува дека размерот на ураганот Флоренс е застрашувачки. 
 
- Лесно би можел да погоди повеќе држави, рекол тој. 
 
На обилни дождови, поплави и снемување на струја се подготвува и Вашингтон, чиј градоначалник Мјурек Баузер прогласи вонредна состојба, наведувајќи дека тоа е нужен чекор за да се обезбедат ресурси и поддршка со оглед на повеќедневните врнежи кои се очекуваат.
 
Метеролозите најавуваат дека наредните денови ќе има силен и влажен ураган. 
 
Ураганот е од четвртата категорија, што надлежните велат дека се очекува да се засили и да достигне на пет што значи дека има потенцијал да предизвика катастрофални последици. 
 
Невремето моментално се наоѓа околу 640 километри јужно од Бермуд и ќе се движи со брзина од околу 210 километри на час.