Америка и Европа во шок: Погледнете какво чудо пронајдоа Русите на Арктикот!
Државната руска нафтена компанија Роснефт во саботата објави дека е пронајдено наоѓалиште на нафта на Арктикот, јави агенцијата Анадолија.
Директорот на оваа компанија, Игор Сецхин рече дека станува збор за наоѓалиште од 338 милјарди кубни метри гас и повеќе од 100 милиони тони нафта.
Во соопштението Роснефт наведува дека се проценува дека количестовто на тоа подрачје изнесува речиси 13 милиони тони еквивалентна нафта.
Според проценките на експертите вакво наоѓалиште на нафта и глас може да се спореди со оние во Саудиска Арабија.
Руската компанија во своето соопштение му се заблагодари и на својот партнер.
„Ова е наша заедничка победа. Сето ова е постигнато благодарение на партнерите од ЕксонМобил“, соопштија тие.
Од Ексон Мобил, американската мултинационална нафтена и плинска корпорација, во петокот објавија дека американското министерство за трезор ја одобрило лиценцата за „копање“, која е во склад со санкциите кои САД и ЕУ и ги наметнаа на Русија, поради немирите во Украина.
„Дупчењето е завршено во рекордно време - за 45 дена - во склад со сите технолошки и еколошки стандарди и барања“, соопшти Роснефт.
Откриеното нафтено наоѓалиште ќе го добие името „Победа“.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка