Македонија
2. January 2019 - 16:41

Амди Бајрам: Кој е на власт, јас сум со вас

Пратеникот Амди Бајрам кој беше во владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа ја напушти откако се смени власта, за Пресинг ТВ во Новата година посака успех и ги повика политичарите да гласаат за уставните измени и заедно да влеземе во НАТО и ЕУ.

– Јас сум кај што сум. Јас кога го давам зборот, останувам таму. Значи кој е власт, увек сум со вас – рече Амди Бајрам одговарајќи на прашањето дали може да се очекува нова промена на дресот.