Бизнис
4. November 2019 - 19:51

АмЧам: Избрзаните мерки како прогресивниот данок се осудени на пропаст

Закон кој е донесен без консултатации со бизнис заедница, скроен набрзина, популистички и на политичка платформа од старт е осуден на неуспех. Затоа прогресивниот  данок не ги даде очекуваните ефекти, смета Американската  стопанска комора, која очекува во наредниот период, во овие 3 години додека на сила е рамниот данок – да се праша и приватниот сектор при носењето на даночните реформи и да се направат издржани, а не површни анализи. Игнорирањето на бизинисот при креирање на економски политика може скапо да ја чини Владата, сметаат од Комората.

-  Луѓето немаат доверба во институциите на системот и не гледаат поврат од даночната политика и  даноците кои ги плаќаат. Не е време и начин така како што се донесене набрзина, популистички и на политичка платформа, изјави Дијана Десподов, Америкснака Стопанска комора.

Според Десподов, Членки на комората од ИТ индустријата веќе пронашле начини како заработените пари -  над 90,000 денари, легално,  да се префрлат на други лица , за да не платат  данок од 18% . Затоа , потрфли и собирањето на планираните приходи.

Повлекувањето на мерката, која не е доволно успешна е нормален потег во деловното работење. Враќањето на рамниот данок е  храбар чекор од страна на Владата, , смета и Советот на странски инвестиции. Веруваат дека прилово што недостиога од пррогресивниот данок, ќе се надомести од згоемените приходи од данокот на добовка по основ на странските дирекни инвестиции.

Инаку Владата минатата недела одлучи да го врати рамниот данок на три години, затоа што ефектите од прогресивното одданочување не ги дале очекуваните резултатаи.