Македонија
24. August 2015 - 18:14

Амбулантно возило за Итната медицинска помош во Букурешт донација од словачката Амасада

Итната медицинска помош во Поликлиника Букурешт денеска доби амбулатно возило донација од Амбасадата на Република Словачка.  

Амбулантното возило е наменето за Службата за Итна медицинска помош и домашно лекување и е комплетно опремено со медицинска опрема.

На предвањето на донацијата присуствуваа Мартин  Безак, амбасадор  на Република Словачка , Иво Крпелан регионален  директор  на Фалк за Средна и Источна Европа, директорите на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје  Татјана Баевска Вучковиќ и Бесим Кока и деканот на Медицински  факултет  Никола Јанкуловски.

Во соопштението се наведува дека од  голема важност   е зајакнувањето на возниот парк на Службата за ИМП   со  микрогрант амбулантното возило  од страна на Амбасадата на  Република Словачка, бидејќи Службата за итна медицинска помош е од витално значење за градот и неговата околина која со својата дејност  услужува околу 700.000 жители.

Покрај секојдневните итни и одложени интервенции во доменот на здравствената заштита на населението, врши медицински транспорт на пациенти во градот, во  државава и надвор од неа според медицинска индикација или на барање на пациентот.

- Службата врши медицински обезбедувања на собири и манифестации од различен карактер како спортски натпревари, културни и политички збиднувања и др.

Во 2012 година возниот парк на службата е зголемен со 14 нови санитетски возила целосно опремени со стандардна медицинска опрема и апаратура.

Во 2015 година споредено со податоците од 2014 година, зголемен е бројот на самостојно решени интервенции на терен  од страна на Службата за  Итна медицинска помош.

Како што се наведува во соопштението бенефитит е двоен како за Службата за Итна медицинска помош, така и за корисниците на  услугите пациентите   со  надеж за   понатамошна соработка и подршка  од страна на донаторите.