Амбулантно возило донација од Словачка за Здравствен дом-Битола
Амбасадорот Мартин Безак денеска на директорот на Здравствениот дом Битола, Благоја Радевски му предаде амбулантно возило, донација од Република Словачка.
За време на доделувањето на донацијата на ЈЗУ Здравствен дом во Битола амбасадорот Безак информира дека набавката на возилото ја обезбедиле приватната компанија „Фалк захрана“ од Словачка, амбасадата на Словачка и словачката агенција за меѓународна размена и помош.
- Продолжуваме со проектот донации на амбулантни возила. Минатата година ваква донација доделивме на Здравствениот дом во Скопје, а денеска и во Битола. Станува збор за амбулантно возило, марка „мерцедес бенз спринтер“ за потребите на службата за итна медицинска помош. Возилото е опремена со соодветна медицинска техника и во него има дефибрилатор, монитор, аспиратор и друга опрема за прва медицинска помош, истакна амбасадорот Безак.
Директорот на ЈЗУ Здравствен дом-Битола, Благој Радевски потврди дека станува збор за единствено амбулантно возило од марката „мерецедес бенз“ со која во иднина ќе се овозможува брза помош на пациентите на кои таа ќе им биде неопходна.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација