Џет-Сет
24. April 2017 - 11:41

Амбер Херд ја потврди својата врска со еден од најзгодните милијардери во светот

Глумицата Амбер Херд призна пред јавноста оти „си уловила сом“, односно дека моментно е во врска со еден од најзгодните милијардери во светот – претприемачот Илон Маск.

Имено, таа вчера на Инстаграм објави фотографија од нив двајцата во еден австралиски ресторан, а на неговиот образ се забележува отпечаток од усните на актерката. На сликата јасно се гледа дека се работи за интимна вечера, пишува „Дејли Меил".

Истиот ден претходно, двојката беше забележана во националниот парк Карамбин во австралиската сојузна држава Бризбејн.