-->
-->
Амбасадорот на Суперкупот посакува Јувентус да гостува во Скопје
-->
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев денеска и официјално на прес конференција на Филип Втори беше промовиран во Амбасадор на Суперкупот на УЕФА.
Пандев истакна дека е горд што добил вакво признание и посака во Скопје во завршниот натпревар на УЕФА силите да ги одмерат Јувентус или Барселона против Манчестер Јунајтед на Мурињо.
На прес конференцијата присуствуваше и претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски кој најави спектакл истакнувајќи дека Суперкупот е настан за кој сонувале генерации фудбалски работници:
„Ќе бидеме домаќини на еден од најголемите настани. Горди сме што ја заслуживме можноста да бидеме домаќини на ваков настан. Благодариме на УЕФА за дадената доверба. Ова е сон на многу генерации фудбалски работници од минатото. Стадион по сите критериуми на УЕФА. Еден од најдобрите во регионот. Чест и задоволство Горан Пандев да биде амбасадор на Суперкупот“, рече претседателот на фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски.
Од Јавното претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор најавија дека сите рокови се запазени и дека Арената ќе биде подготвена за големиот настан на 8-ми август:
„ Досега имавме преку 80 инспекции од УЕФА и ги спроведовме сите нивни укажувања и препораки. Арената официјално за натпревари ќе биде затворена по 11-ти јуни кога се игра квалификацискиот дуел Македонија-Шпанија. Потоа ќе работиме на подготовка на теренот“- истакна директорот Цветко Грозданов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица