Амбасадорот на Чешка во посета на Штип
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска остварил средба со амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, Мирослав Томан, информираат од кабинетот на штипскиот градоначалник.
Во писменото сопштение се вели дека на оваа средба се разговарало за натамошна соработка помеѓу локалната самоуправа и Република Чешка, можностите што ги нуди локалната самоуправа како и поволната бизнис клима во нашата општина.
–Градоначалникот Бочварски истакна дека во Штип во изминатиот период се реализирани неколку проекти, финансирани од европски фондови, но и од сопствени средства како и планот за понатамошен развој на Штип, како центар на источниот регион од нашата држава, стои во соопштението од Општина Штип.
На средбата се отворила можност за организирање на бизнис форум каде што Штип ќе ги претстави своите потенцијали и ќе се создраде можност за соработка со претставниците од бизнис секторот од Република Чешка за инвестирање во Штип.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд