Македонија
27. January 2021 - 17:03

Амбасадорот Гир побара посветеност во исполнување на забелешките од УНЕСКО за да се зачува богатството за идните генерации

Природното и културното наследство има универзална вредност за сите нас и тоа треба да се сочува се со цел да биде достапно за идните генерации порача евроамбасадорот Дејвид Гир од Охрид. Потребна е силна владина посветеност за имлементација на сите препораки од страна на Унеско ,охридскиот регион да не се најде на листата на загрозени подрачја и поголема координација помеѓу министерствата и другите институции.

Градоначалникто Георгиески потенцира дека критериумите на Унеско се заоструваат во цел свет ,станува збор за еден механизам за ставање на одредена област во опасност се со цел поревносно и побрзо да се  имплементираат мерките за заштита а не станува збор за губење на статусот.

Градоначалникот на Охрид Георгиески најави дека забелешките на извештајот на драфт верзијата на Унеско се испратени во влада од каде се чека  централен одговор на извештајот . Во него се нотира дека е неопходна заштита на старата градска аритектура, отстранување на дивопоставените објекти ,се бара целосна забрана за градба, отстранување на урбаната опрема околу значајните знаменитости во градот,усогласување на урбанистичките планови со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.