Амбасадорот Бејли на проштална средба со премиерот Заев
Нашата земја и САД на најдобар можен начин го потврдија стратешкото партнерство, порача премиерот Зоран Заев на вечерашната проштална средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави Џес Бејли.
Премиерот Заев, информираат од владината прес-служба, на средбата ја изрази неговата лична, благодарноста на Владата на РСМ и на граѓаните на нашата земја за активниот придонес на амбасадорот Бејли за време на неговиот мандат, во еден исклучително значаен период кога поддршката на САД, како стратешки партнер на Република Северна Македонија, беше од огромна важност во процесите за нашето членство во ЕУ и НАТО.
Амбасадорот Бејли, од своја страна, истакна дека му е особено драго што за време на неговиот мандат, со решавање на спорот со Грција и со Договорот од Преспа, Република Северна Македонија направи историски исчекор за кој беше неопходно покажаното лидерство на челните луѓе на владите на двете земји, што САД и претседателот Трамп, го оценија како значаен придонес за постабилна и попросперитетна иднина на двете земји и за целиот регион.
На оваа проштална средба, премиерот на амбасадорот Бејли му подари фотографија со посвета од една од нивните бројни меѓусебни средби во знак на сеќавање за извонредната соработка.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто