Македонија
23. February 2021 - 17:54

Амбасадорката на САД без коментар за бегството на Мијалков

Американската администрација во земјава со интерес ги следи последните случувања поврзани со бегството на Сашо Мијалков. Амбасадорката Брнз денеска се воздржа од детален коментар за случајот.

Мијалков засега не е лоциран, но министерката Шекеринска, најавува лоцирање на одговорноста за неговото бегство. Таа ќе се бара и кај политичарите и кај надлежните институции.

Засега нема официјална информација дали Владата побарала странска помош во лоцирањето на Мијалков. Шекеринска вели дека неа треба да ја побараат правосудните органи, но и безбедносните институции.