Македонија
7. February 2017 - 20:16

Амбасадорите Жбогар и Алтхаузер во посета на Прилеп во рамките на кампањата ,,ЕУ за тебе‘‘

Изграбата на Пречистителната станица, како и целосната рехабилитација на водоводната и канализационата мрежа во Прилеп,  два капитални проекти кои се во тек, а се финансирани со пари од ЕУ, во висина од  21, 5 милиони евра, беа поводот за денешната посета на општината, од страна на евроамбасадорот Самуел Жбогар и на германската амбасадорка во земјава, Кристине Алтхаузер. Посетата беше во рамките на третиот настан од европската Кампања “ЕУ за тебе”.
 
Проектот се спроведува во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Прилеп и Јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“ од Прилеп. Инаку, покрај овие средства, Прилеп и Пелагонија од ЕУ добија и 10 милиони евра за чистење на 46 километри од коритото на Црна Река, со што се намали ризикот од поплави за подрачје во кое живеат 230.000 луѓе