Македонија
29. January 2016 - 19:50

Амбасадорите на САД и ЕУ ќе дадат оценка на 20 февруари – Димитриев тврди дека изборите ќе бидат фер, демократски и кредибилни

Најдоцна до 20 февруари, Европската Унија и САД ќе го оценат спроведувањето на договорот од Пржино и ќе соопштат дали постојат услови за спроведување на кредибилни избори на 24 април, порачаа Евроамсадорот Аиво Орав и Американскиот Амбасадор Џес беји по денешната средба со премиерот задолжен за спроведување на изборите Емил Димитриев.

Амбасадорите прочаа дека до 19 февруари, ДИК мора да биде целосно подговен за изборите и да почне прочистувањето на избирачкиот список. Партиите мора да постигнат договор за медиумски реформи а телевизиите мора да го почитуваат членот 61 од закнот за медиуми во кои стои дека треба да се информира објективно и непристрасно.

Тие порачаа и дека треба да се обезбедат услови за одвојување на партијата од државата.

Премиерот задолжен за спроведување на изборите, Емил Димитриев, ја оцени средбата со амбасадорите како добра и конструктивна. Потенцираше дека постои и време и ресурси изборите на 24 април да бидат кредибилни по сите европски стандарди.

Димитриев ја повика опозицијата да го извести ДИК дека ја прифаќа методологијата за прочистување на избирачкиот список, што веќе го направија сите останати партии, и да го откочат процесот.