Македонија
30. May 2017 - 9:08

Амбасадорите на Јапонија и Монголија ќе ги предадат акредитивните писма

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Јапонија и Монголија во Република Македонија.

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот на РМ, во 11 часот  во Вила Водно акредитивните писма на шефот на државата ќе му ги предаде Кеико Ханеда, новоименуван амбасадор на Јапонија во Република Македонија.

Во 12 часот акредитивните писма на Иванов ќе му ги предаде Дашјамц Батсаикхан, новоименуван амбасадор на Монголија во Република Македонија, со седиште во Софија.