Македонија
26. April 2018 - 16:43

Амбасадорите ја охрабрија Македонија за побрза интеграција

Вратата на НАато е отворена за Македонија. Штом ќе се дојде до  заемно прифатливо решение за името, сојузниците ќе ве поканат да станете членка на органиацијата .  Наша порака е дека секоја суверена  нација  има право сама да го избирате својот пат,а Македонија го избра  НАТО , истакна  шефот на канцеларијата на Алијансата во Скопје.

Препораката на Европската Комисија покажа дека сме на добар пат,но и дека  пред нас има уште рабпота бидејки  НАТО и ЕУ  на своите граници сакаат  стабилни и демократски држави, порача националниот   коодринаторот за НАто Пендаровски.

Германскиот амабасадор потсети дека дијалогот мегу власта и опозицијата е пресуден фактор за постигнување на крупните стратешки цели .

Слична порака упати и амбасадорот на Франција, но со предупредување дека ке треба многу  трпение и оптимизам за да се постигне целта.

На ова се надоврза директорот на иниститутот за геостратешки истражувања, кој на шега констатираше дека трпението е традиција  на овие простори.

Дееншната коквефернција беше посветена  на македонските евроатланстки перспективи , но и на придибивките кои Унијата и АЛијансата можат да ги очекуваат со натамошното проширување