Свет
12. January 2016 - 9:01

Амбасадори бараат итна евакуација на 400 луѓе во сирискиот град Мадаја

Итно мора да бидат евакуирани околу 400 луѓе од опколениот сириски град Мадаја за да им се укаже медицинска помош, соопштија амбасадорите на Шпанија и Нов Зеланд во Њујорк.

Амабсадорот на Нов Зеланд изјави дека веднаш е потребна неодложна евакуација и оти тие луѓе бараат дозвола од Владата на Сирија тоа да биде спроведено.

СБ на ОН зада затворени врати расправаше за хуманитарната криза во Сирија по доставувањето помош за Мадаја и други две села. Амбасадорот на Нов Зеланд рече дека седницата била на нивно барање по извештаи дека луѓе во Мадаја умираат од глад.

Сирискиот амбсадаор во ОН отфрли наводи дека цивили умираат во тој град од глад.