Aмбасадата на САД во Анкара предупреди на закани врз западни цели во Турција
Амбасадата на САД во Анкара издаде предупредување до своите државјани за можни терористички закани врз западни цели во турскиот округ Газиантеп, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.
Предупредувањето се однесува на истрагата за терористичка група во округот, кој граничи со Сирија, каде минатиот месец Исламска држава изврши терористички напад.
- Постојат информации за полициска истрага на терористичка група во Газиантеп. Се претпоставува дека терористи би можеле да нападнат цели, како што се трговски центри, објекти на „Старбакс“, ресторани од синџирот „Биг шеф“ или други места, кои се посетувани од странци. Ги предупредуваме американските државјани да бидат внимателни и да ги избегнуваат таквите објекти доколку е можно, се наведува во соопштението на амбасадата.
На 20 август во Газиантеп, каде има многу сириски бегалци, беше извршен самоубиствен бомбашки напад за време на свадбена веселба, при што загинаа 56 лица, од кои повеќето деца. Турските власти соопштија дека ИД е одговорна за нападот.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени