Балкан
26. January 2017 - 12:32

Амбасадата на САД предупредува на опасност од напади врз Американци во Турција

Амбасадата на САД во Турција денеска предупреди на опасност од напади врз нејзини државјани по порастот на антиамериканска реторика.

- Порастот на антиамериканската реторика има потенцијал да инспирира поединци да нападнат американски државјани, се наведува во предупредувањето од Амбасадата на САД во Турција.

Во соопштението се додава дека новите напади би можече да се случат на големи настани, туристички атракции, во ресторани, во ноќни клубови, трговски центри и станици на јавен превоз.

Амбасадата потсетува дека останува во сила наредбата семејствата на вработените во Конзулатот во Истанбул да заминат од Турција, а сите посети на американската администрација на Истанбул мора да ги одобри Стејт департментот.