Балкан
27. January 2017 - 11:09

Амбасадата на САД предупредува на лажни полицајци во Србија

Амбасадата на САД во Белград ги предупреди своите граѓани во Србија да внимаваат на појава на лажни полицајци, кои се претставуваат како службени лица за да влезат во нивните домови.

- Американските државјани треба да бидат внимателни во случај на ненајавени посети на полицијата во нивните домови и да пријават сомнителни активности на локалната полиција, се посочува во соопштението на Амбасадата на САД во Србија.

Соопштението е објавено поради неодамнешните инциденти во кои поедници се претставувале како полицајци за да влезат во приватни домови поради криминални активности.