Македонија
7. October 2015 - 17:30

Амбасада на САД: Има напредок, разговорите продолжуваат

Амбасадата на САД во Република Македонија во денешното соопштение посочува дека синоќа е постигнат напредок за прашањата поврзани со изборите, а работната група за спроведување на договорот од Пржино продолжуваат и денеска.  

- Партиите се договорија прашањето за предложеното инкриминирање на објавување на нелегално стекнати информации да го покренат во Работната група, да разгледаат такво можно законско решение во пакет со законско решение за заштита на таканаречените свиркачи, и овие прашања да ги решат пред 20 октомври, стои во соопштението.

Овие закони, се наведува во соопштението од американската амбасада во Скопје, отвараат сериозни прашања во врска со слободата на изразувањето, правото на граѓаните на приватност и доброто владеење, при што сите заедно треба да бидат адресирани во склад со меѓународните обврски на Македонија.