Македонија
14. December 2016 - 13:13

Амбасада на САД: Бејли не се меша во работата на ДИК

Американската амбасада во Македонија преку соопштение реагира на, како што наведува, неточните информации според кои амбасадорот на САД се меша во работата на Државната изборна комисија. 

- Со загриженост ги следиме неточните информации според кои амбасадорот на САД се меша во работата на Државната изборна комисија. Ова не е време за лажни вести или теории на заговор. За да појасниме, амбасадорот на САД ниту се сретнал, ниту посетил или интервенирал кај некого во ДИК. САД ги поддржува правата на граѓаните на Македонија за отворен, транспарентен и кредибилен демократски процес. Ова вклучува разгледување на жалби и приговори во рамките на македонските закони, стои во соопштението од Амбасадата на САД.